РСБСП: Стоп за возењето под дејство на алкохол

Управување на моторно возило под дејство на алкохол е еден од најсериозните прекршоци кој го прават одредени возачи. Да се управува моторено возило под дејство на алкохол значи да се нема ниту најмала почит кон себе, кон сопствениот живот, кон семејството, кон другите учесници во сообраќајот и кон општеството во целина. Од РСБСП истакнуваат дека со жалење може да се констатира дека и покрај сѐ, одредени поединци се уште се осудуваат да седнат позади воланот и тогаш кога се под дејство на алкохол.

Покрај слабиот карактер и комплетната неодговорност, велат оттаму, една од причините за еден возач да седне „пијан " позади воланот е потценувањето на ризикот и опасноста дека може да се случи сообраќајна незгода и убедувањето дека на кратко растојание може да се управува моторно возило и под дејство на алкохол.

Во однос на оваа констатација РСБСП со потсетување дека ниту еден возач кој учествувал во сообраќајна незгода со фатални последици не ни претпоставувал дека тоа може да му се случи токму нему и со потсетување дека ниту еден возач, не тргнал под дејство на алкохол, да управува моторно возило на патување од 1000 км, напротив, најголем број од возачите кои биле под дејство на алкохол и кои учествувале во сообраќајна незгода со тешки и фатални последици, патувале на пократка дестинација а многу често патувале во рамките на населеното место или регионот во кој престојуваат или живеат, посочуваат од РСБСП.

Водејќи се од тоа, РСБСП со потсетување, совети и пораки до возачите:

• Возач под дејство на алкохол не смее да започне да управува возило во сообраќај на пат.

• Дозволено количество алкохол во крвта кај возачите изнесува 0,5 г/кг. Кај професионалните возачи и возачите почетници, не е дозволено никакво количество алкохол во крвта (0,09 г/кг). Глобата за непочитување на оваа законска обврска изнесува од 225 до 375 евра во денарска противвредност.

• Полицискиот службеник на самото место привремено ќе му ја одземе возачката дозвола и ќе го исклучи од сообраќај возачот за кого ќе утврди дека е под дејство на алкохол.

• Управувањето на моторно возило под дејство на алкохол носи закана за одземање на возачката дозвола до 12 месеци.

Од РСБСП соопштуваат дека истражувањата покажуваат дека алкохолот ја намалува возачката способност, ја намалува концентрацијата и ја намалува функцијата на сетилата за слух и вид. Возачите под дејство на алкохол не се во способност благовремено да ги препознаат ризиците и опасностите во сообраќајот и се склони кон преземање на ризик и ги потценуваат последиците од сообраќајните незгоди.

Оттаму потсетуваат дека како последица на неодговорното учество во сообраќајот, изминатата година во Република Северна Македонија, 132 лица го загубија животот во сообраќајни незгоди, а 5164 лица се повредени.

Апелираат до сите возачи оваа лето безбедноста да им биде на прво место. – Никогаш немојте да возите под дејство на алкохол затоа што возењето под дејство на алкохол носи смрт на патиштата!", се наведува во ссопштението на РСБСП.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе