четврток, 25 април 2024
На иницијатива на градоначалникот

Дечињата во Македонска Каменица добија бесплатни прегледи за очи

На иницијатива на градоначалникот Димчо Атанасовски денеска во детската градинка Бамби во Македонска Каменица беа спроведени бесплатни офталмолошки прегледи. Прегледите беа извршени во самата установа од страна на стручни медицински тимови при болницата Медика С – Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Општина Македонска Каменица останува единствената општина во регионот која обезбедува офталмолошки прегледи за децата во детските градинки. Во спротивно, родителите би биле принудени да патуваат за преглед во соседните поголеми градови, поради потребата од потврда за извршен офталмолошки преглед кај сите дечиња при запишување во прво одделение“, истакна Атанасовски.

Со овие бесплатни прегледи, како што додаде, дечињата покрај ран скрининг и детекција на оштетувања на видот, добиваат и потврда за упис во основно училиште.

„Активноста се реализираше со финансиски средства обезбедени од Општина Македонска Каменица, а беа опфатени 45 дечиња од најголемите групи во градинката“, додаде Атанасовски.

Тој изрази надеж дека вакви и слични активности  ќе се реализираат и во наредниот период

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ