РСБСП со апел за внимателно возење на Илинден

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на сите граѓани на Република Северна Македонија им го честита најголемиот државен празник Илинден. Поучени од некои лоши моменти и лоши случки од минатите години, РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот за совесно, одговорно и пред сѐ безбедно учество во сообраќајот.

Индикаторите за безбедноста на сообраќајот на патиштата укажуваат на фактот дека во летниот период, за време на годишните одмори, во услови на зголемена сообраќајна фреквенција, високи температури и опуштена атмосфера, се зголемува ризикот за влошување на безбедноста на сообраќајот на патиштата. Конкретно, статистичките податоци покажуваат дека во летниот период, односно во летните месеци, доаѓа до речиси двојно зголемување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди во однос на останатите месеци од годината. Дополнително ризикот се зголемува кога станува збор за празници односно за продолжен викенд во сезона на годишни одмори, а токму такви се деновите кои доаѓаат.

Затоа, РСБСП Ве повикува:

• Намалете ја брзината и возете одговорно

• Не управувајте и немојте ниту да започнете да управувате моторно возило доколку имате консумирано алкохол

• Останете смирени и безбедни и во ситуација на сообраќаен метеж. Немојте да возите слалом, да пристигнувате на полна линија или да пристигнувате колона на возила.

• Бидете фокусирани и концентрирани во сообраќајот, гледајте во коловозот и не користете мобилен телефон за време на управувањето со возилото.

• Држете безбедно растојание помеѓу возилата.

• Возете одморени, со претходно испланирано патување и со редовни паузи за време на патувањето.

• Направете техничка проверка на возилото и бидете сигурни дека вашето возило е подготвено за безбедно патување.

• Користете сигурносен појас и соодветно детско седиште.

Без разлика на кој начин учествувате во сообраќајот - возач, мотоциклист, велосипедист или пешак, најважно од се е безбедно да пристигнете до саканата дестинација, додаваат од РСБСП. 

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе