РСБСП со апел: Повисоко ниво на сообраќајна култура за побезбеден сообраќај

Сообраќајната култура е специфичен вид на култура која треба да ја поседува и секојдневно да ја практикува секој учесник во сообраќајот и е многу важен елемент на безбедноста во сообраќајот. Не претставува само познавање на сообраќајните правила и прописи и поседување на вештини и  умеење да се управува со возило, туку истовремено  претставува и навика на нивно редовно и безусловно почитување и применување, пишува Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП) на Денот на културата во сообраќајот, 11 Мај.

Сообраќајната култура, според РСБСП, претставува начин на перцепирање на односите во сообраќајот, начин на движење и однесување во сообраќајот кој треба да биде во насока на исполнување на општите и заеднички интереси на сите учесници во сообраќајот, а тоа е непречено и безбедно одвивање на  сообраќајот.

Културата и етиката во сообраќајот се учат од мали нозе. Самиот процес на едукација е далеку полесен процес од процесот на промена на навиките и културата во сообраќајот. Токму затоа неопходно е да ги учиме децата на сообраќајна култура од најрана возраст.  „Искуството покажува дека ги учиме децата на многу работи, а недоволно ги учиме за тоа како да бидат безбедни и примерни учесници во сообраќајот. Карактеристично е тоа што најголем дел од учесниците во сообраќајот се единствени во ставот дека сообраќајната култура и етика не се на потребното и на посакуваното ниво, но за жал речиси сите  ги бараат причините, вината и пропустите кај другите, а истовремено заборавајќи дека сообраќајот е сложен систем, мозаик во кои сите ние партиципираме. Учество во сообраќајот е дејствие кои сите ние секојдневно го реализираме како пешаци, велосипедисти, мотоциклисти, возачи на моторно возила, патници, итн.

За сите учесници во сообраќајот постојат јасно дефинирани и прецизни правила и прописи кои сите треба да ги знаат, но и да ги почитуваат. Унапредување на културата, етиката и толеранцијата во сообраќајот значително ќе придонесе за побезбеден и посмирен сообраќај, односно ќе придонесе за помалку сообраќајни незгоди, помал сообраќаен метеж и помалку настрадани лица на улиците и патиштата“, се наведува во соопштението од Советот.

По повод 11 Мај, Денот на културата во сообраќајот, оттаму апелираат за повисоко ниво на култура во сообраќајот, неопходна со цел намалување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди, бидејќи секое незнаење, некултура и непочитување има цена, но незнаењето, некултурата и непочитувањето на правилата и прописите во сообраќајот чинат изгубени човечки животи. 

 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе