Пред празниците

РСБСП апелира: Не возете под дејство на алкохол

Во пресрет на празничните денови, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска апелираше до возачите за одговорно учество во сообраќајот за 2 Август.

„Празникот одбележете го достоинствено и не управувајте моторно возило под дејство на алкохол. Како најголем државен празник, 2 Август-Илинден, треба да биде одбележен на достоинствен и соодветен начин, со сите почести и почит, согласно големината и важноста на овој празничен ден“, велат од РСБСП.

Возењето под дејство на алкохол, како што посочуваат, е надвор од хуманите и цивилизациските вредности на современото општество.

„За жал, податоците од црната статистика и искуствата од минатите години покажуваат дека за време на празници, продолжени викенди и одмори, значително се зголемува интензитетот на сообраќајот, а паралелно со тоа се зголемува и бројот на сообраќајни незгоди. Една од причините за оваа фатална состојба за време на празници и продолжени викенди е токму фактот што во овие денови значително се зголемува бројот на возачи кои управуваат моторно возило под дејство на алкохол“, додаваат од РСБСП.

Оттаму потсетуваат дека според законот дозволено количество на алкохол во крвта кај возачите изнесува 0,5 г/кг. Кај професионалните возачи и возачите почетници, не е дозволено никакво количество на алкохол во крвта.

Глобата за непочитување на ова законска обврска изнесува од 225 до 375 евра во денарска противвредност. Покрај тоа, полицискиот службеник на самото место привремено ќе му ја одземе возачката дозвола и ќе го исклучи од сообраќај возачот за кого ќе утврди дека е под дејство на алкохол.

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе