Розова прошетка во Скопје – „Чекори против ракот на дојка”

Во Скопје денеска ќе се одржи единаесетата розова прошетка „Напред розово 2019 – чекори против ракот на дојка", во организација на Здружението „БОРКА – за секој нов ден" и Амбасадата на САД во земјава.

Настанот ќе започне во 11 часот пред Школка во Градскиот парк.

Манифестацијата ќе вклучи заедничка розова прошетка на повеќе од 1.500 учесници кои пешачејќи неколку километри ќе испратат порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите, како основен предуслов за победа над ракот на дојка.

Во прошетката ќе учествуваат сите граѓани на земјава, вклучувајќи и организирано учество на поддржувачи на Борка од градовите низ Македонија. По прошетката ќе следува музички хепенинг со цел да се овозможи луѓето, т.е. борците против ракот на дојка да се зближат, да се дружат и да го слават животот.

Како и претходните години, така и оваа ќе се собираат средства преку продажба на розови маици, кои средства ќе се искористат за реализација на годишните активности на Здружението Борка, а тоа се обезбедување на психосоцијална помош и поддршка за болните од рак и нивните семејства, обезбедување на перики за жените со низок социјален статус кои примаат хемотерапија, посета на клиниката за онкологија и торакална хирургија од страна на волонтери на Здружението, одржување на бесплатната СОС линија за помош и поддршка и др. 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе