Ромите се соочуваат со повеќекратна дискриминација, оценува Хелсиншки комитет за човекови права

Вкоренетиот расизам е во сржта на повеќекратната дискриминација со која Ромите секојдневно се соочуваат и таа се согледува и во односот на институциите кон нив, но и во третманот кој го добиваат од страна на општеството во целина, оценува Хелсиншкиот комитет за човекови права (ХКЧП).

Според Комитетот, токму расната дискриминација е клучниот проблем поради кој, децении наназад, сите посебни политики и мерки наменети за оваа заедница остануваат половични, недоволни и неефективни во пракса.

Последниот случај со плановите за иселување на Ромите од прифатниот центар во Визбегово, како што истакнуваат од комитетот, покажува ригидно толкување на законските одредби и со тоа што нивните деца конечно се вклучиле во образованието, а мал дел од родителите започнале самостојно да заработуваат, се смета дека овие семејства излегле од состојба на социјален ризик, иако нерешеното домување и нивното евентуално враќање на улица ќе значи поништување дури и на овие мали чекори напред.

Факт е дека голем број ромски деца се исклучени од образовниот процес, а тие кои посетуваат настава честопати се соочени со сегрегација во образовните установи. Хелсиншкиот комитет реагираше на овој проблем со поднесување тужба од јавен интерес за заштита од дискриминација (actio popularis) поради сегрегирање на ромските деца во две основни училишта во Битола и Штип. Судската постапка е во тек, но со големи паузи помеѓу рочиштата, што укажува на задоцнета заштита и говори за односот на правосудните органи кон проблемите на оваа заедница, потенцираат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Здравствената заштита е исто така право од кое Ромите често се лишени. Иако Комитетот за елиминација на сите облици на дискриминација врз жените при ООН утврди дискриминација при пристапот на сексуални и репродуктивни права на Ромки и препорача соодветно буџетирање и пристап за здравствени услуги за овие жени, токму овие програми сега се соочуваат со кратење на финансиите, што дополнително ќе ја влоши и онака неповолната состојба.

Расното профилирање на Ромите и понатаму останува клучниот фактор кој го спречува еднаквиот пристап до добра и услуги, предизвикува случаи на полициска бруталност и го цементира нивниот маргинализиран статус во општеството. Токму поради сето ова, сметаме дека реални подобрувања се можни само преку значителна промена на односот на државните органи кон оваа заедница. Само со системски промени се гради целосна инклузија и подобро општество, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе