Се бара паралелна истрага за трагедијата

Роднини бараат информации за накит од неколку илјади евра што го имале жртвите на „Беса транс“, велат златото не гори

Роднини на загинатите и преживеаните во автобуската несреќа на „Беса транс“ на магистралата Струма пред Окружниот суд во Перник побараа паралелна истрага за несреќата. Тие бараат повеќе информации за накитот вреден неколку илјади евра што го имале жртвите во изгорениот автобус на „Беса транс". Лани на 23 ноември патувајќи од Турција за Македонија, кај Струма во Бугарија изгореа 45 патници.

Семејствата на загинатите уште ги чекаат предметите, во сопственост на нивните блиски, кои биле сочувани во несреќата. Тие се вратени од бугарските истражни органи во Македонија, но процедурата за идентификација на предметите се уште не е почната.

Кјамуран Пајазитовски изјавил дека има докази дека неговата снаа за време на патувањето со себе имала накит вреден седум илјади евра.

„Златото не гори, Нашите власти треба да ни кажат дали имаме злато, сочуван багаж или пари“, изјавил Пајазитовски за БНТ.

Преживеаните и роднини на загинатите исто така бараат паралелна истрага за причините за несреќата, освен кривичната постапка што ја покрена Обвинителството на Бугарија.

Предметот за обезбедување на доказите е поднесен пред Окружниот суд во Перник. Во случајот во Перник, експертите повторно ќе ги испитуваат свиоците, ознаките, патната ифраструктура.

Од Националната истражна служба на Бугарија минатиот месец како главна верзија за несреќата ја утврдија неусогласената брзина со постоечките услови на патот и нагласија дека патната инфраструктура ги исполнува стандардите.

Доколку се утврди дека единствениот виновник е возачот, тогаш кривичната постапка ќе биде прекината. Роднините на загинатите ќе имаат право на побарувања од осигурувањето на возачот.

Побарувањата ќе бидат поднесени во Бугарија, каде лимитите се согласно европските стандарди и се речиси 20 пати повисоки од тие во Македонија, објави БНТ.

МИА

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе