„Ретвитни оброк“ третпат во Кабинетот на претседателот Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски, неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска и членови на Кабинетот денеска подготвуваа храна за бездомни и социјално загрозени лица, како поддршка на долгогодишната активност на неформалната граѓанска иницијатива „Ретвитни оброк".

Ова е трета по ред заедничка активност на Кабинетот на претседателот и „Ретвитни оброк" при што досега се подготвени 300 оброци. За денешната подготовка на топли оброци, првпат е обезбедена донација од намирници, а поради претстојните велигденски празници, менито вклучува посна храна

„Поздравувајќи ги досегашните активности на „Ретвитни оброк", претседателот Пендаровски посочи дека споделување грижа за најранливите категории на граѓани  е особено важно во овој тежок период на пандемија, кога многу наши сограѓани се соочуваат со егзистенцијални проблеми. Сопругата на претседателот истакна дека е значајно одржувањето на континуитетот во заедничката активност, особено поради зголемената потреба од солидарни оброци предизвикана од здравствената и економската криза наметната од пандемијата, при што изрази надеж за поголема вклученост на што повеќе лица и донатори во оваа хуманитарна акција“, соопшти Кабинетот на Пендаровски.

Граѓанската иницијатива „Ретвитни оброк" и здружението „Вистински дела на љубезност" веќе шест години им помагаат на социјално загрозени лица. Двете организации беа дел и од хуманитарната акција „Волонтираме за солидарно општество", иницирана од Кабинетот на претседателот Пендаровски. 

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе