„Соработката меѓу РСБСП и МВР е наша заедничка цел и наша законска обврска. Едукативно превентивните кампањи кои заеднички ги реализиравме во изминатиот период поддржани со засилени контролу од страна сообраќајната полиција, придонесоа за намалување на бројот на сообраќајните незгоди во 2020 година", рече претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска
Кожуваровска додаде дека примената на современа техничка опрема во процесот на управување и контрола на сообраќајот на патиштата значително ќе ја зголеми ефикасноста на работата на сообраќајната полиција и ќе го зголеми обемот и квалитетот на извршените контроли и проверки од страна на сообраќајната полиција.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска изјави дека безбедноста во собраќај е важен приоритет.
„Изминативе месеци докажавме дека е можно намалување на бројот на собраќајни негзоди и подигнување на ниво на сообраќајна култура во сите учесници на сообраќајот. Со цел зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, РСБСП секоја година 30 отсто од средствата ги наменува за модернизација на уредите и опремата на надлжната организациска единица во МВР, која врши конторла и регулирање на сообраќајот на патиштата", рече Спасовски.