Реконструкцијата траеше 8 месеци, од денеска прооден за сообраќај мостот на река Кумановка

Од денеска напладне ќе биде прооден за сообраќај мостот на река Кумановка на патот R1204, делница Куманово – Свети Николе, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Мостот на реката Кумановка во населба Проевце од февруари годинава беше целосно затворен за сообраќај поради реконструкција.

Извршена е целосна реконструкција на мостот, кој се наоѓаше во катастрофална состојба, со дупки по коловозот и скршена заштитна ограда. 

„Градежните активности опфаќаат санација на столбовите, менување на лежиштата, санација на челичната конструкција, санација на отворената дупка на коловозот, бетонирање на нова коловозна плоча, нова хидроизолација, нови дилатации, нова еластична одбојна ограда и нови тротоари. Санацијата на мостот ќе изнесува 59.733.742,00 денари без ДДВ“, соопштија тогаш од Јавното претпријатие за државни патишта. 

Вредноста на проектот е околу 1 милион евра, а средствата се обезбедени од државата. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе