Реките со потпросечно ниво на водите

Нивото на најголем дел од реките во земјава денеска е под просекот за месец мај. Измереното ниво на реката Вардар кај Јегуновце изнесува 94 сантиметри, а мајскиот просек е 116 сантиметри. Нивото на Вардар на мерно место кај Скопје е 97 сантиметри, што е за десеттина сантиметри под просекот за овој месец, кој изнесува 115 сантиметри.

Нивото на реката Вардар на мерното место кај Демир Капија е 136 сантиметри, што е за дваесеттина сантиметри пониско од просекот за мај.

Големо намалување на нивото на водата бележи и реката Црн Дрим кај мерно место во Ложани и изнесува 60 сантиметри. На ова мерно место просекот во мај е 149 сантиметри.

Што се однесува на нивоата на водата во езерата во земјава, мало отстапување од мајскиот просек се бележи кај Преспанското Езеро со  842,65 мнм, а просекот за овој месец е 844,26 мнм. Ниво повисоко од просечното има Дојранското Езеро со 147,18 мнм, а просекот за мај е 144,39 мнм. Охридското Езеро е во рамки на мајскиот просек. 

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе