Реџепи за пукањето врз неговиот син: Се работи за нарачано дело, не знаеме која е позадината

Поранешниот претседател на Исламската верска заедница на Македонија (ИВЗ), Сулејман Реџепи, во изјава за Лајм зборуваше за престрелката што се случи вчера во населбата Ѓорче Петров во Скопје, на која беше повреден неговиот син Зеглул Реџепи, инспектор во МВР.

Реџепи вели дека неговиот син бил повреден додека бил на должност, но за среќа се здобил со лесна повреда на ногата.

„Автомобил без регистарски ознаки го следел син ми. Бидејќи е вработен по професија во МВР, го забележал и застанал културно да го праша зошто го следи, но тој се свртел кон него и испукал три куршуми. Еден куршум се вратил откако удрил во автомобилот и полесно ја повредил ногата. Синот денес ја напушти болницата и се врати дома“, изјавил Реџепи.

„Немавме закани или нечисти сметки со никого. Не знаеме која е позадината. Сторителот мора да ја искаже намерата откако ќе се уапси. За нас несомнено е дека станува збор за нарачано дело, но случајот го оставивме во рацете на надлежните органи. Сторителот откако го изврши злосторството, автомобилот го оставил на улицата „Радушка“, за да го однесе до рампата во Сарај и да избега со друг автомобил”, го објаснува случајот Реџепи.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе