Реџеп Реџепи, директорот на затворот во Идризово е разрешен

Владата го разреши досегашниот директор на затворот Идризово, Реџеп Реџепи, потврдија од Управата за извршување на санкции за МКД.мк. На местото на Реџепи е именуван Шпенд Тахири, кадар на Алтернатива. Во најголемиот затвор во државава на 16 јуни беше запален автомобил на вработен. Пред овој инцидент во затворот во Идризово беше спроведена полициска акција во која беа најдени ножеви, дрога, мобилни телефони... 

При претрес на 25 ќелии во затворот „Идризово" полицијата пронајде поголема сума на парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат во различни валути и апоени, педесетина мобилни телефони, компјутерска галантерија, 37 ножеви и повеќе други остри предмети, дрога во прашкаста, течна состојба и таблетки, како и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривични дела.

Дали токму ова е причината за разрешувањето на првиот човек на најголемиот затвор во државава, за сега нема потврда. 

Министерот за правда, Никола Тупанчески и директорот на Управата за извршување на санкции Марјан Спасовски на прес-конференција по акцијата укажаа дека ќе одговара секој за кој што ќе се утврди дека е поврзан со сторување на кривично дело. 

 

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе