МЕД

Размножувањето на мршојадци во заробеништво може да биде клучот за нивното преживување

Најновата научна студија во која учествуваa и експертите на Македонското еколошко друштво покажува дека зајакнувањето на популациите на мршојадците со млади птици кои се родени во заробеништво (реинтродукција) може да го одложи нивното истребување. Иако ваквата процедура нема да биде доволна за одржување на популацијата, таа ќе им обезбеди доволно време на еколозите да ги отстранат заканите кои ја уништуваат. Овие закани на Балканот се особено сериозни, популацијата на египетски мршојадци во осоумдесетите броеше над 600 парови, а сега е сведена на само 48 пара (податок од 2020 година).

Научната студија е објавена во научното списание Journal of Applied Ecology и таа укажува на фактот дека сѐ додека смртноста на мршојадците е во најголема мера предизвикана од човекот реинтродукцијата дури и на 15 млади птици родени во заробеништво годишно не е доволна за одржување на балканската популација на египетски мршојадци.

„Предвидувањето на идните трендови на популацијата на египетски мршојадци е тешко, но она што со сигурност го знаеме е дека доколку не ги намалиме заканите надежта за прежувување на балканската популација се мали – дури и покрај фантастичната поддршка која можe да ја даде реинтродукцијата“, вели Ненад Петровски, координатор на проектите за зачувување на мршојадците во Македонија.

Египетските мршојадци мигрираат околу 5.000 км секоја година помеѓу нивните гнездечки и презимувачки територии. Овие прелети се опасни и многу птици умираат од човечки закани, како криволов, непосредно труење, електоркуција и судири со електорснабдувачки инфраструктури.

Истражувањата се изведени од страна на Научниот центар за зачувување на природата на Кралското друштво за заштита на птиците во Британија, Бугарското друштво за заштита на птиците, Македонското еколошко друштво, Грчкото орнитолошко друштво, Зелените Балкани, WWF Грција, Албанското орнитолошко друштво, Заштита и зачувување на природната средина во Албанија, Зоолошката градина од Прага и Европската асоцијација на Зоолошки градини и аквариуми.

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе