МВР

Разбиена криминална група, од сигнално правеле огнено оружје и го продавале

Денеска полицијата спроведе акција за сузбивање на повеќечлена организирана криминална група составена од лица од Скопје, Тетово и Куманово кои биле инволвирана во вршење на кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи".

Во неколку различни случаи документирани се продажби на вкупно 10 пиштоли. При реализацијата на акцијата, според наредбите за претреси во дом и други простории издадени од судија за претходна постапка, извршени се претреси на вкупно 13 локации. При претресите притворени се  Ф.А. (39), Б.А. (34), Н.М. (63), Ф. Ј. (32), А.А. (29), С.Н. (48), Б.М. (25) сите од Скопје и Џ.Р. (36) од Тетово и С.И. (47) од Куманово.

Од досега преземените оперативно – тактички мерки при спроведеното криминалистичко истражување пронајдени и одземени се една автоматска пушка, една ловна пушка, 16 пиштоли, муниција од различен калибар, мобилни телефони и СИМ картички.

Ф. А. и А. Б. подолг период, во работилница лоцирана во Скопје, со употреба на пригоден алат изработувале огнено оружје пиштол на тој начин што Ф. А. набавувал потребна количина на пиштоли за светлосна и звучна сигнализација, додека А.Б. во својата работилница сигналното оружје го конвертирал во огнено оружје, на начин што ја вадел цевката која што служи за испукување на гасен куршум и на нејзино место вметнувал метална цевка претежно од калибарот 7,65 мм. Исто така, биле набавувани и други видови на огнено оружје и разни видови на муниција кои ги продавале на заинтересирани лица.

По конвертирањето на оружјето, пронаоѓале заинтересирани лица и го продавале по цена од 250 до 400 евра.

Во акцијата учествувале БЈБ-единицата за сериозен криминал и тероризам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактвен материјал при Одделот за криминалистичка полиција со поддршка на ОСПО и ОКТИВ, и во координација со ОЈО за ГОКК, соопшти МВР.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе