Соопштение без детали

Ранет војник на Криволак

МВР соопшти дека во полициската станица во Неготино било пријавено дека во болницата во Кавадарци бил примен војник со прострелна рана здобиена на полигонот „Криволак“.

На 17.април 2021 во 13.45 часот во Полициска станица Неготино било пријавено дека околу 13.00 часот при изведување воени вежби на воениот полигон „Криволак" припадник на Армијата се здобил со прострелна рана од пиштол во пределот на стапалото. Повредениот бил пренесен во Општата болница Кавадарци за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР-Кавадарци, соопшти МВР.

Во информацијата не е наведено во какви околности војникот бил ранет.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе