Почна истрагата за големата трагедија

Ракувањето и чувањето на кислородот може да биде една од причините за огнената стихија во Тетово

Примопредавање или технички прием. Со или без електрична и кислородна инсталација. Кој за што беше одговорен за нормално функционирање на модуларните болници? Дали по сечењето на дел од цевките за кислород пред модуларната болница на 27 август нешто се нарушило во доводите за кислород? Ова се само мал дел од прашањата на кои истрагата ќе треба да даде одговори по големата трагедија во Тетово кога на 8 септември во пожарот во модуларната ковид болница загинаа 14 лица.

Според првичните сознанија од она што можеше да се види како снимки од пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември, станува збор за неверојатно брзо проширување на пожарот и неколку експлозии. Едно од можните објаснувања за брзината на ширењето на пожарот, според експертите, е и концентрацијата на чист кислород во ковид болницата. Материјалите горат од една искра или мал пламен, доколку се во средина, атмосфера од збогатен кислород, велат експертите. Според нив, пожарот во Тетово, односно неговата брзина и реакција не можела да се случи во атмосфера со обичен, нормален воздух. Оттука, истрагата треба да даде одговор и на тоа дали имало грешки во ракувањето со кислородот во ковид болницата во Тетово.

Она што е исто така интересно е дека доводот на кислородот и инсталацијата за него не била дел од тендерот за 19-те модуларни болници. Набавката, инсталацијата на кислородот и одржувањето е обврска на болницата во чиј склоп е модуларната болница, ни одговорија од Министерството за здравство.

Прашање е и дали техничките приеми или примопредавањата на модуларните болници биле извршено со или без инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување кои се задолжени да издадат или не дозвола за користење доколку објектите ги исполнуваат мерките за заштита од пожари и експлозии.

Јавното обвинителство соопшти дека е издадена наредба за вештачење и на опожарениот вграден материјал, ѕидовите, таванот, вратите, прозорците... од опожарената модуларна болница во Тетово. Побаран е и планот за електричната инсталација, елаборат за складирање на хемикалии и горива, елаборат за инсталацијата за кислородот, побарано е и кое било лицето одговорно за раководење со изградбата, кој бил надзорот... Уште не се знае имало или немало технички прием на објектот, некои од одговорните лица споменуваат примопредавање на објектот, се бара целокупната техничка спецификација за јавната набавка на модуларните болници... Во државата за утре е најавено пристигнувањето на германските форензичари кои ќе помагаат во истрагата.

На тендерот за модуларните болници финансиран од Светска банка победи велешката компанија Брако, а целиот проект чинеше близу 4 милиони евра.

А.Д.

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе