Разбистри сè!

Радика ја губи битката со загадувачите (ВИДЕО)

Комуналниот отпад, дивите депонии и непречистените води ѝ го задаваат последниот удар на Радика, бисерот на Реканскиот крај. Биолозите предупредуваат дека дефинитивно има загадување, што се познава по црните наслаги на камењата. Проектот за изградба на пречистителна станица на Радика отиде во заборав. Хотелско–угостителски капацитети околу Мавровско Езеро толерирани – не поседувале елаборати за заштита на животната средина. Од Инспекторатот за животна средина предупредуваат дека ќе ги санкционираат пред зимската сезона ако не извадат елаборати. Приказна на Институтот за комуникациски студии.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе