Прв „Графити Фест“ во Куманово, учествуваа 10 млади уметници

Во Куманово денеска се одржа првиот „Графити Фест“ во градот на кој учествуваа десет млади уметници од Куманово, Скопје и Битола.

Настанот беше во организација на Фондација за култура и спорт Куманово, во соработка со жителите на комплексот згради К4 на „Октомвриска револуција”, а градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски вети дека нема да биде последен. Во рамките на уредување на овој дел од градот, беа засадени и садници од ЈП „Чистота и зеленило”-Куманово.

„Имаме цел да го уредиме и да дадеме една нова слика на овој дел или поточно овој комплекс каде живеат голем број на наши сограѓани, а и да го претвориме во едно место каде што повеќе ќе се движат младите и ќе имаат заеднички дружби. Се надевам дека на овој начин дополнително ќе ја разбиеме и онаа монотонија што владее во оваа корона криза”, изјави Димитриевски.

Раководителот на секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, Цоки Ристевски рече дека за целокупната манифестација општината има издвоено од 80 до 100 илјади денари, а во настанот се вклучени и неколку компании од општината.

„На иницијативата на жителите и станарите на овој комплекс кои изразија желба, ние како Општина целосно го поддржавме овој Графити Фест. Ова е прв пат, се надеваме дека следната година ќе биде во поголем обем со повеќе учесници”, изјави Ристовски.

Младен Трендовски кој е еден од организаторите на овој еднодневен фестивал вели дека инспирацијата за овој настан ја добиле од поголемите градови во Европа кои изобилуваат со графити.

 

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе