Прв балкански рис во „Јасен“ што ќе се следи со ГПС околувратник

Македонско еколошко друштво (МЕД) во соработка со вработените од Јавното претпријатие за стопанисување со повеќе наменското подрачје „Јасен“ на крајот на февруари со ГПС-околувратник обележа млад мажјак од загрозениот вид балкански рис.

Ова е првиот рис што ќе го следат надвор од Маврово и околината, како подрачје за кое досега имаат потврда дека се размножува рисот.

„За присуството на балкански рис во Јасен имавме податоци подолго време, но досега немавме среќа да поставиме ГПС околувратник на рис. Се надеваме дека оваа единка ќе ни даде интересни информации за неговото хранење и движење во Јасен“, вели Диме Меловски од МЕД.

Тој појасни дека рисот бил обележан од страна на тројца членови на тимот на МЕД со поддршка на еден ловочувар од „Јасен“ и двајца стажанти од Германија и Франција.

Според Меловски, фаќањето на овој рис е дел од полусистематската сесија за фотозамки која покажа и присуство на уште една единка на рис, како и присуство на лисици, куни, јазовци, елени, срни, диви кози, диви мачки, волци и мечки.

Активностите за воспоставување на мониторинг на рисот во „Јасен“ се спроведуваат во рамки на проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“ во соработка со тимот на заштитеното подрачје, финансиски поддржан од Европската Унија, а спроведен од УНДП со поддршка на Министерството за животна средина.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе