Протестираа сопствениците на ресторани за организирани настани и ноќни клубови

Сопствениците на ресторани за организирани настани, ноќни клубови, фото студија и музичари денеска повторно протестираа и ги повторија нивните барања до Владата.

Бараат да биде укината забраната за работа и да работат по најстроги протоколи. Незадоволни се што не се вклучени во петтиот пакет антикризни мерки и бараат од Владата да направи посебен пакет мерки за нив.

Најавија дека од среда ќе протестираат секој работен ден во Скопје и во другите градови се до исполнување на нивните барања.

Повторија дека се единствените економски оператори на кои им е забранета примарната дејност од првиот ден на пандемијата и посочија дека од сопствени средства исплаќаат плати за вработените и плаќаат комунални трошоци, кирии…. 

„Ние не работиме затоа што Владата ни има дадено забрана за вршење на нашата примарна дејност и поради тоа треба да ни помогне финансиски да ја надминеме пандемијата се до моментот додека повторно не почнеме со работа. Будно ја следиме епидемиолошката состојба во државата и сме свесни за моменталната состојба, па поради тоа во првата фаза бараме да ни се дозволи да можеме да работиме под истите услови и протоколи, како и скратеното работно време како што работат сите останати а ла карт објекти“, беше истакнато на протестот. 

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе