Протест за Абдулфета Алими, осуден за „27 април“ (ФОТО)

Пред споменикот на Скендербег започна протестот за поддршка на Абдулфета Алими, кој беше осуден на седум години затвор како обвинет во случајот „27 април“.

Пред споменикот на Скендербег започна протестот за поддршка на Абдулфета Алими, кој беше осуден на седум години затвор како обвинет во случајот „27 април.

Од споменикот Скендербег демонстрантите се упатија кон Кривичниот Суд.

Учесниците на протестот кои се собраа пред споменикот на Скендр Бег по што дојдоа пред судот, носат маици со ликот на Алими и извикуваат пароли: „Нема правда нема мир“, „правдата не е пазар“, „да спасиш човек“, не значи дека си терорист“,…

На демонстрантите им се приклучи и пратеникот Зијадин Села.

Бурим Алими, синот на Алими кој вчера го најави протестот изјави дека ако треба правдата ќе ја бараат и во Стразбур.

„Ние како семејство, како и пријателите на татко ми заедно ја презедовме оваа иницијатива и сакаме да докажеме дека татко ми е жртва на политички монтиран процес бидејќи тој на 27 април беше на задача и ги штитеше пратениците во Собранието. Во име на Иницијативниот одбор ги повикувам сите граѓани да ни се придружат на овој протестен марш, бидејќи не е само татко ми жртва на политички монтиран процес, туку има и многу други. Денес ми се случило на мене, утре на некој друг и затоа ве повикувам сите заедно утре да го кренеме гласот на разумот и да им кажеме стоп на сите политички монтирани процеси. Ние нема да застанеме и правдата, ако има потреба ќе ја бараме и во Стразбур", изјави Бурим Алими.

Обвинителката Вилма Рускоска, пак, во телевизиско интервју рече дека Села не бил спасен од Алими туку од еден од демонстрантите. Алими, вели Рускоска, на 27 април бил одговорен за вратите на Собранието и ако си ја вршел работата немало да треба никого да спасува.

 

 

Објавено

Петок, Март 22, 2019 - 15:15

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе