Тензии, полициски кордони, „дожд“ од јајца

Протест во Тетово, се бара одговорност и оставки во Владата поради пожарот во болницата

Повеќе стотици граѓани, меѓу кои и членови на семејствата на загинатите пациенти во пожарот во модуларната болница, излегоа на протест во Тетово со барање за одговорност и оставки во Владата поради смртта на 14 лица. Протестот тргна од плоштадот во Тетово кон седиштето на ДУИ во Мала Речица, по пат имаше полициски кордони, а еден од нив беше пробиен, имаше и блиски средби со полицијата и по некоја взаемна тупаница. „Дожд“ од јајца беше фрлен врз зградата на општината и други институции. Се побараа оставки и на сите министри Албанци, но и на Али Ахмети од партиската функција.

Откако беа засадени 14 дрвца во спомен на 14-те загинати лица во модуларната болница, протесот тргна од плоштадот, а се носеа транспаренти на кои пишува „Правда, одговорност, оставки во Владата“, како и други пораки. Демонстрантите најпрво запреа пред зградата на општината од каде се повикуваше оставка да поднесе градоаналничката Теута Арифи, а беа фрлани јајца кон зградата.

На патот кон Мала Речица протестот наиде на полициски блокади, а во самата населба имаше кордон полиција кој не дозволи луѓето поблиску да стигнат пред седиштето на ДУИ. Имаше и кратки судири меѓу поединци и полицијата, трчање низ населбата за да се избегнат кордоните. Се извикуваше „Долу диктатурата“, „Оставка на Али Ахмети“, „Оставки на сите владини функционери од ДУИ“. 

Еден од демонстрантите во изјава за медиумите рече дека бараат оставка од градоначалничката на  Тетово, како и од целата Влада, најпрво од морални причини, поради трагедијата што се случи во модуларната болница, но и дека очекуваат конкретна одговорност која ќе се потврди со истрагата.

Тој рече дека за следните чекори кои планираат да ги преземат дополнително ќе ја информираат јавноста.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе