На падините на Огражден

Протест против рудникот Иловица-Штука: „Кога Владата молчи, народот се крена“

Пријатели, чекајќи ги конечните одлуки и решенија на институциите, денес народот ја извојува првата самостојна битка! Вака организаторите на денешниот собир ги окарактеризираа блокадите на археолошките ископувања на „Еуромакс“ за планираниот рудник на бакар Иловица-Штука.

„Концесијата е истечена, надлежните институции и Министерството за животна средина и просторно планирање молчат, па ние решивме да преземеме конкретни дејства – мирни блокади со кои беше блокиран патот до местото каде што „Еуромакс“ планира да врши испитувања под маската на донатор за археолошки истражувања. Првиот ден од блокадите помина успешно. Луѓето на „Еуромакс“, знаејќи и самите дека нивните дејствија немаат легалност, се вратија и не пристапија кон пробивање на блокадата“, велат претставниците на здруженијата „Здрава котлина“ и „Еко долина“.

Археолози од Заводот и Музеј од Струмица и вработени на „Еуромакс“ денеска планираа да ги продолжат археолошките истражувања на локалитетите каде треба да никне рудникот за бакар Иловица-Штука на планината Огражден.

Жителите на околните села бараат Владата во најскоро време да го донесе потребното решение и согласно законите да биде одземена концесијата за рудникот.

Од Заводот и Музеј во Струмица велат дека вршат археолошко истражување на локалитетот Анови и дека биле ангажирани од компанијата „Еуромакс“, но нивното дејствување е во рамките на законската регулатива.

Активистите од „Здрава котлина“ и „Еко долина“ се заканија дека и во наредните денови ќе ги спречат археолозите и вработените на „Еуромакс“ да оперираат на Огражден на археолошките истражувања.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе