Протест и контрапротест: За поддршка на полицајците и против полициската бруталност

Повеќе граѓански организации за денеска во Битола најавија протест против полициската бруталност, за кој повод е завчерашниот инцидент во кој полицајци претепаа тројца битолчани од ромска националност што претходно предизвикале сообраќајна несреќа.

Граѓаните ќе се движат од Главната пошта во Битола до седиштето на битолската полиција. Протестот го организаира иницијативата „Аваја" заедно со здруженијата, „Ромалитико", „Романо Авази", „Ромаверзита", „Баирска Светлина", „Сумнал", „Ромско Јато".

На социјалните мрежи се најавува и протест за поддршка на полицајците. Тој е најавено дека ќе се одржи во среда, со барање да се повлечат кривичните пријави и дисциплински постапки против полициските службеници кои „биле нападнати и неправилно суспендиран".

Најавено е дека демонстрантите ќе се движат по Широк Сокак, а протестот ќе заврши пред СВР Битола и Јавното обвинителство.

 

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе