Протест пред Владата против ковид-мерките

Протест пред Владата се одржа вечерва против одлуката за воведување на нови мерки за невакцинираните лица.

Граѓаните скандираа „Слобода", и побараа повлекување на рестриктивните мерки. Еден од присутните истакна дека на минатиот протест биле побројни, и апелираше да не одговараат на провокациите бидејќи тие наместо да ги обединат, само ќе ги разделат.

На протест се случи и инцидент, кога првиот говорник, како што самиот се претстави, поранешен вработен во военото разузнавање, говореше предолго, па дел од присутните побараа да го отстапи микрофонот. Притоа дојде до туркање меѓу него и една жена, по што реагираа редарите. 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе