Протест на „Мое тело, мој избор“ за спречување на задолжителна вaкцинaциja и принуда

Денеска во 17 часот пред македонското Собрание ќе се одржи протест во организација на слободарско движење сенароден фронт „Moe тело, мој избор", како дел од светскиот собир за слобода во одбрана на основните човекови права.

Организаторите порачуваат дека нема да дозволат неотуѓивите човекови права да бидат препакувани како „човекови привилегии“ и да бидат условени од (не)послушноста кон авторитаризмот.

„Човештвото низ историјата е тестирано во тешки периоди повеќе пати, но на крајот слободата секогаш победувала. Застануваме силно позади пет важни слободи: слобода на говор, слобода на движење, слобода на избор, слобода на собирање и слобода на здравје.

Се залагаме за 3 важни цели: спречување на задолжителна вaкцинaциja и принуда, спречување на дискриминацијата од секаков вид врз основа на вакциналниот статус, крај на сите вонредни/кризни/итни мерки донесени вон процедура.

Ги повикуваме сите опоненти на рестриктивните политики на нивните влади, да учествуваат на овој протест во светски рамки. Нема да ја прифатиме ненормалната политизација на науката и медицината и ќе ги вратиме овие институции да бидат неутрални извори на информации во корист на општеството, наспроти владините и корпоративните интереси.

Гледаме дека Kopoнaвиpycoт брзо станува нова „религија на стравот“ на која се повикуваат за да ја оправдаат тиранијата, користејќи ги истите репресивни механизми на државна контрола врз облекувањето, јазикот и социјалните интеракции што се користеа историски во минатите теократски режими.

Ние ќе се спротивставиме на оваа религија на страв, со нашата порака за слобода, сите повторно ќе демонстрираме за нашите фундаментални човекови права, за нашите уставно заштитени права, и за крај на претераните кopoнaвиpyc рестриктивни мерки“, порачуваат организаторите.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе