На протестот говорниците рекоа дека им се загрозени човековите права бидејќи немаат голем избор - или вакцинација или да бидат изложени на големи трошоци кои вработените не можат да го издржат со постојано правење на ПЦР-тестови кои чинат околу две илјади денари.
Гласност на протестот добија и лицата кои говореа дека вакцините се штетни по здравјето и дека масовната вакцинација низ светот и во Македонија е со цел да се намали бројот на населението, но дел рекоа и за да се контролираат луѓето преку вакцините.
Инаку, Комисијата за заразни болести на Владата ѝ предложи да донесе одлука во јавниот сектор да биде задолжително при доаѓање на работа или да се покаже сертификат за примена вакцина против ковид-19 или да се прикаже негативен ПЦР тест не постар од 72 часа направен на трошок на вработениот кој не сака да се вакцинира. Тие што биле болни од ковид-19 ќе може да покажат доказ за прележаност не постар од 45 дена од денот на оздравувањето. Овие прописи нема да важат за лица кои имаат потврда од лекар специјалист дека не смеат да примат вакцина.
За предложените мерки Владата ќе одлучува наредната недела.