Пронајдено детето што денеска се изгуби на кејот на Вардар

Детето кое беше пријавено во полиција од неговата мајка дека го изгубила на кејот на Вардар, по два часа е пронајдено во близина на хотелот Хилтон.

Како што соопшти МВР, по добиена пријава на телефонскиот број 192 од Р.С. од Скопје која пријавила дека околу 14 часот кај маркет во близина на кејот на реката Вардар го изгубила својот син Мартин (12), кој боледува од аутизам.

Полицијата веднаш преземала мерки и активности за пронаоѓање на детето.

„Во 16:30 часот од страна на единицата Алфа детето е пронајдено во близина на хотелот Хилтон и потоа предадено на мајката“, соопшти МВР.

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе