Во Скопје, претпладне времето ќе биде значително облачно и магливо, а во попладневните и вечерните часови со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе достигне до 10 степени.
До вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во понеделник, кога ќе дува умерен, а во вторник и среда засилен ветер од северен правец. Стабилизирање на времето ќе има во среда со ниски утрински и дневни температури.