Време

Променливо облачно со температури до 20 степени

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд поинтензивни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени.
И во следните денови ќе се задржи променливото облачно време со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и услови за грмежи. Утре на повеќе места ќе дува повремено силен ветер (над 60 км/час) од јужен правец. Дневните температури ќе бидат во пораст, кој ќе биде позначителен за време на викендот кога во повеќето места температурите ќе се искачат над 20-тиот степен.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе