Во Скопје, променливо облачно, попладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени. Маврово 1, Охрид 7, Битола 7, Крива Паланка 5, Берово 4, Кавадарци 11, Дојран 12.
Утре ќе се зголеми облачноста. Од петок попладне и за време на викендот ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места од снег. Повремено врнежите ќе имаат пообилен карактер.