Време

Променливо облачно со сончеви периоди

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има и повремени врнежи од дожд, особено попладне, кога на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Минималната температура ќе биде помеѓу 7 и 12, а максималната ќе достигне од 11 до 23 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне со краткотраен пороен дожд и грмежи и дневна температура до 20 степени. Во Маврово дневната температура ќе достигне до 11 степени, Охрид 16, Битола 17, Кавадарци 23, Крива Паланка и Берово 17, Дојран 22...

До петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.

За викендот времето ќе биде сончево и значително потопло.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе