Време

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, од сабота стабилизирање на времето

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до четири степени, а дневната температура од два до 11 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе достигне до еден степен, а дневната температура до седум степени. Во Маврово 1, Охрид, Битола и Крива Паланка 7, Кавадарци 9, Берово 6, Дојран 11.

Утре ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи кои поради затоплувањето ќе бидат претежно од дожд. Преодно стабилизирање на времето се очекува за време на викендот.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе