Време

Променливо облачно со повремен слаб дожд

Времето во Македонија денеска претпладне по котлините ќе има магла, а преку денот променливо облачно со повремен слаб дожд претежно во западните делови.

Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната температура од осум до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Утринската температура ќе достигне до два степени, а дневната температура до 5 степени.

Во Маврово максималната дневна температура ќе достигне до 12 степени, Охрид и Кавадарци 8, Битола 4, Берово 15, Крива Паланка 10, Дојран 12.

Утре ќе биде променливо облачно, претпладне со слаб до умерен дожд претежно во западните делови. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Дневните температури ќе бидат Скопје 10,Маврово 8, Охрид 10, Битола, Берово и Крива Паланка 11, Кавадарци и Дојран 15.

За в недела прогнозата е претежно облачно со врнежи од дожд пообилни во западните делови. Врнежите ќе се проследени со умерен до засилен јужен ветер понекаде и во форма на невреме. Дневните температури ќе се движат од 10 до 16 степени.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе