Време

Променливо облачно, со локални врнежи и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец.

Максималните дневни температури ќе се движат од 15 до 23 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Температурата ќе се движи од седум до 20 степени.

Во Маврово дневната температура ќе достигне до 16 степени, Охрид 15, Битола 18, Кавадарци 23, Берово 16, Крива Паланка 17, Дојран 23 степени.

Во наредните два дена во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и грмежи, а преодно стабилизирање се очекува во петок кога температурите ќе бидат во пораст.

Нови пообилни врнежи од дожд се очекуваат од сабота кон крајот на денот.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе