Време

Променливо облачно, силен ветер и локален дожд

Денеска претпладне и околу пладне времето ќе биде променливо облачно со локален дожд и грмежи. Ќе почне да дува силен северен ветер, најпрво во северните, а во текот на денот и во останатите делови, особено вдолж Повардарието, што ќе услови осетно намалување на дневната температура, особено на северот. Ветерот краткотрајно ќе достигнува брзина и над 90 км/час.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 22, а дневната од 21 до 32 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне ќе има променлива облачност со повремен дожд и појава на грмежи. Ќе почне да дува силен северен ветер, кој ќе се задржи и во текот на денот. Утринската температура ќе спушти до 19, а дневната ќе достигне 26 степени. Маврово 21, Охрид 26, Битола 28, Крива Паланка и Берово 24, Кавадарци 29, Дојран 32.

Од утре следува сончево време со повторен пораст на дневната температура, но со посвежи утра.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе