Време

Променливо облачно, наместа пороен дожд, од среда стабилизирање

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Стабилизирање на времето се најавува од среда.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14 степени, дневната од 15 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје температурата ќе се движи од 12 до 24 степени. Маврово 15, Охрид 19, Битола 23, Крива Паланка 20, Берово 19, Кавадарци 25, Дојран 26.

И утре ќе имаме променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни проследени со грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе