Време

Променливо облачно, на планините снег

Времето во Makedonija денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На планините во северозападните делови повремено ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје  умерено облачно со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 14 степени. Маврово 6, Охрид 12, Битола 14, Крива Паланка 11, Берово 10, Кавадарци 15, Дојран 17.

Од утре попладне следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, со променлив интензитет. Во понеделник се очекуваат обилни врнежи на повеќе места.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе