Променливо облачно и посвежо време

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремен локален дожд и ретки грмежи претпладне и околу пладне. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 33 степени.

Во Скопје претпладне времето ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 30 степени.

Од утре следува период на стабилно време, освен в понеделник кога ќе има краткотраен локален дожд. Температурата ќе биде во постепен пораст.

 

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе