Променливо облачно и нестабилно време, попладне со пороен дожд и грмежи

Времето во земјава ќе биде променливо облaчно и нестабилно, околу пладне и попладне со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град и засилен ветер, особено во источните делови. Утринската температура ќе се движи од 9 до 25 степени, а дневната температура од 14 до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облaчно и нестабилно, околу пладне и попладне со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе достигне до 12, а дневната температура до 24 степени.

Во недела ќе преовладува сончево, а во понеделник умерено облачно време со благо опаѓање на дневната температура. Нови локални врнежи од дожд се очекуваат во вторник.

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе