Време

Променливо облачно и нестабилно, утре постудено, а на планините ќе провејува снег

Времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно на места со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на град, особено во источните делови. Кон крајот на денот ќе започне да дува засилен северозападен ветер, а на повисоките планини во западните делови ќе провејува снег. Минималната температура ќе биде помеѓу пет и 11, дневната  температура ќе се движи од 14 до 22 степена.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе достигне до девет степени, а дневната температура до 19 Целзиусови степени. Во Маврово 8, Охрид 14, Битола 17, Кавадарци 21, Крива Паланка 18, Берово 17, Дојран 22 степени.

Утре поради спуштање на студена воздушна маса ќе дува засилен северозападен ветер што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите. Претпладне во западните делови ќе има услови за слаб дожд, а на повисоките планини ќе провејува снег.

Во среда утрото ќе биде студено, на места со негативни утрински температури, но преку денот ќе преовладува посончево и потопло време. Локални врнежи ќе има и во четврток и петок.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе