Време

Променливо облачно и денеска и утре

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повеќе облачност во западните делови каде што ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од осум до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до повремено засилен ветер од југоисточен правец.  Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 17 степени. Во Маврово дневната температура ќе достигне до 8 степени, Охрид 12, Битола 14, Кавадарци 17, Крива Паланка 15, Берово 14, Дојран 18...

И утре ќе дува умерен до повремено засилен југоисточен ветер и ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, претежно во западните делови.

Од недела кон крајот на денот до вторник следува период со поинтензивни врнежи од дожд и со услови за појава на ретки грмежи.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе