Промена на режимот на сообраќај на патиштата Смоквица - Гевгелија и Маврово - Дебар

Режимот на сообраќај на автопатската делница Смоквица-Гевгелија, пред влезот на Гевгелија, ќе биде променет од денеска до 26 април. Во наредните четири дена на патот Смоквица-Гевгелија, пред влезот на Гевгелија во близина на бензинската станица ќе се изведуваат градежни активности при поставување индуктивни јамки, соопшти АМСМ.

Поради изведување градежни работи режимот на сообраќај ќе биде изменет и на регионалниот патен правец Маврово-Дебар кај село Јанче, каде сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента. На тоа место сообраќајот ќе биде регулиран од вработените и ќе биде поставена содветна сигнализација за работа на пат.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе