Продолжуваат превентивните акции на МВР и РСБСП „Вози одморен!“

МВР и РСБСП продолжуваат со превентивните активности во рамки на кампањата „Вози одморен!", а денеска, во пресрет на Илинден, беа спроведени активности во Прилеп, соопшти МВР.

Пораките и советите кои МВР и РСБСП од Прилеп ги упатуваат до сите учесници во сообраќајот се пораки за совесно, одговорно и пред сѐ безбедно учество во сообраќајот за време на овој продолжен викенд, но и понатаму.

„Искуството и статистиката од минатите години покажуваат дека ова (јули/август) е најризичниот период од годината кога е во прашање безбедноста во патниот сообраќај. Интензитетот на сообраќајот повеќератно се зголемува, температурите се на највисоко ниво,а со тоа се зголемува и ризикот и опасностите во сообраќајот. „РСБСП ги потсетува возачите дека единствениот услов за безбедено одвивање на сообраќајот за време на продолжениот викенд и празничните денови е максимално да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, да се почитуваат правилата за ограничување на брзината и да не управуваат моторно возило под дејство на алкохол. Само така ќе бидете сигурни дека безбедно и на време ќе пристигнете до саканата дестинација“, изјави во Прилеп, Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП.

Дел од пораките на МВР И РСБСП за претстојниот продолжен викенд се „Не се однесувате агресивно во сообраќајот", „Немојте да возите слалом, да пристигнувате на полна линија или да пристигнувате колона на возила", „Бидете фокусирани и концентрирани во сообраќајот и не користете мобилен телефон за време на управувањето со возилото", „Држете безбедно растојание помеѓу возилата", „Без разлика на кој начин учествувате во сообраќајот – возач, мотоциклист, велосипедист или пешак, најважен услов да пристигнете безбедно до саканата дестинација е да не учествувате во сообраќајот под дејство на алкохол и психотропни супстанции", „Возете одморени, со претходно испланирано патување и со редовни паузи за време на патувањето".

„Апелирам до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни, да возат внимателно и на тој начин да останат безбедни во сообраќајот. За оние кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, следуваат санкции. Во текот на вчерашниот ден санкционирани се 537 возачи поради пребрзо возење, а од нив 60 на територија на СВР Битола. Синоќа пак, поради возење под дејство на алкохол санкционирани се 99 возачи, а само на територија на СВР Битола 45. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и сите кои се однесуваат спротивно на сообраќајните правила и прописи ќе бидат санкционирани. Целта е, секако, побезбеден сообраќај за сите“, рече портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешниот настан во Прилеп. 

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе