Време

Продолжуваат горештините

И денеска времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до  37 Целзиусови степени, Маврово 30, Охрид 33, Битола 36, Крива Паланка 35, Берово 33, Кавадарци 39 и Дојран 40.

И утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. УВ индексот ќе биде 9.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе