Приведени шест лица поради инцидентoт во ГОБ „8 Септември“, еден позитивен на ковид-19

Шест лица вечерва се приведени во полициската станица Гази Баба поради инцидент во Градската општа болница „8 Септември" во Скопје.

Како што информираат од болницата, инцидентот се случил кога роднини на почината 60-годишна пациентка од ковид-19 се обиделе да го земат телото на починатата и упатиле закани на докторката.

Еден од приведените бил позитивен на коронавирусот и тој е спроведен во полициска станица  со специјални протоколи.

Починатата пацинетка пет дена била на респиратор во ГОБ „8 Септември". Согласно протоколите починатите пациенти од ковид-19  ги подигнува специјална екипа од погребалното претпријатие Бутел опремена со скафандери и друга специјална опрема. 

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе