Истражување за прчините на пожарот

Пристигнаа германските експерти во тетовската болница

Четворица експерти од Германија пристигнаа денеска во Тетово и тие се наоѓаат веќе во кругот на тетовскиот Клинички центар каде на 8 септември изгоре модуларната ковид - болница во страотен пожар убивајќи 14 лица.

Како што објави Телеграфи.мк, германските експерти пристигнаа со својата опрема за испитување на причините кои доведоа до пожарот во монтажната болница.

Германскиот тим дојде на покана на македонската Влада и се состои од четворица експерти од кои двајца ќе ги истражуваат причините за пожарот, а двајца вршат ласерско мерење и фотографирање на просторот.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе