Уредба на Влада

Приправничкиот стаж на полицаец – приправник се скратува од шест на пет месеци

За зајакнување на капацитетот на Министерството за внатрешни работи Владата донесе уредба со која траењето на приправничкиот стаж на полицаец – приправник се скратува од шест на пет месеци.

„Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за внатрешни работи за време на вонредна состојба со која се утврдува дека приправничкиот стаж на полицаец – приправник кој има склучено договор за вработување во Министерството за внатрешни работи на 1 ноември 2019 година согласно членовите 99 и 102 од Законот за внатрешни работи, трае пет месеци“, соопшти владината прес-служба.

Уредбата е донесена заради прогласената вонредна состојба во државава која наложува ангажирање на целокупниот капацитет на организациските единици во рамки на МВР,  вклучително и полицајците – приправници.

На овој начин, стои во соопштението, ќе се овозможи дополнителен број полициски службеници, согласно потребите, динамиката, обврските и задачите што ги има полицијата, за спроведување на одлуките, препораките, заклучоците и мерките што ги утврдува Владата.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе